Српската кошаркарска репрезентација со убедлива победа го почна настапот на Европското првенство откако вечерва ја совлада Естонија со 98-64.
Триумфот можеше да биде уште повисок ако во финишот не дојдеше до опуштање во редовите на српскиот тим бидејќи најголемата предност изнесуваше 44 разлика. На патот до првата победа, Србите соборија неколку тимски и лични рекорди, колку да го зачинат одличниот ефект.
Победата од 34 разлика е највисока на српската репрезентација на натпревар од Европско првенство, а кошаркарите на Светислав Пешиќ го израмнија рекордот за остварени асистенции на еден меч, со 32 додавања за кош. На крајот, ова беше првпат најмалку тројца кошаркари да имаат по 5+ асистенции. Што се однесува до индивидуалните рекорди, Јовиќ стана прв српски кошаркар со 10+ поени и 5+ асистенции на деби меч на европските првенства, а Пешиќ не му дозволи да го собори рекордот на Јокиќ за најефикасен српски дебитант бидејќи остана на 18 поени, еден помалку од кошаркарот на Денвер Нагетс.
И со тие 18 поени Јовиќ беше најефикасен во својата репрезентација, а Јокиќ беше блиску до трипл дабл, со 11 поени, 10 скока и 7 асистенции. Хенри Дрел со 11 поени заврши како прв стрелец на Естонија.


