Најдобриот српски кошаркар Никола Јокиќ уште во првото коло од Европското првенство покажа дека е одлично расположен и дека е подготвен да ја носи својата репрезентација во поход кон титулата.
Центарот имаше неколку атрактивни потези, но воодушеви со своето додавање без гледање кон Алекса Аврамовиќ кој се наоѓаше во аголот.
ALEKSAAAAAAAAAAAAA 🫣#EuroBasket x @KSSrbije pic.twitter.com/Eyvv6dRZJn
— FIBA EuroBasket (@EuroBasket) August 27, 2025
За жал, новиот плејмејкер на Дубаи не беше прецизен и му ја уништи асистенцијата на Јокиќ за што жалеа дури и коментаторите на ФИБА и администраторот на профилот на Твитер кој напиша само „Алексааааа“. Да погодеше, тоа сигурно ќе беше асистенција на денот, а секако ќе конкурираше за еден од најатрактивните потези на првенството.


