Словенија не успеа да дојде до победа на првиот натпревар на континенталниот шампионат и покрај одличното издание на првата ѕвезда во тимот Лука Дончиќ.
Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс постави рекорд на европските првенства што, сепак, не беше доволно за славје. Тој стана прв играч во историјата на оваа манифестација што на еден натпревар постигнал 30+ поени (34), 5+ асистенции (9) и 5+ украдени топки (5).
With 34 PTS, 9 AST & 5 STL, Luka Doncic is the first player in the recorded #EuroBasket history combining for 30+ points, 5+ assists and 5+ steals 🇸🇮 pic.twitter.com/H8TBLmTW8H
— FIBA EuroBasket (@EuroBasket) August 28, 2025
Јасно е дека Словенците немаат длабочина во тимот поради што никој не им дава шанси дека ќе стигнат до завршницата од Европското првенство. Дончиќ може да биде само колатерална штета од таквата ситуација во тимот. Со индекс 42, тој беше најдобар играч во првото коло од шампионатот, а Словенија сепак загуби со двоцифрена разлика.


