Репрезентацијата на Црна Гора е еден од аутсајдерите на Европското првенство и по првите две кола има два убедливи порази.
Денеска загуби од Литванија со 67-94 по што селекторот Бошко Радовиќ го изнесе сиот свој револт и фрустрациите од играта на своите избраници. Факт е дека Литванците се подобри во моментов, но општ е впечатокот дека не е толку поквалитетна за да победи со 27 разлика.
„Немам што многу да зборувам, уште еден многу лош натпревар за нас, 26 загубени топки и 94 примени поени. Вторпат за два дена ривалите ни даваат речиси 100 поени. Срамно. На нас е вечерва добро да размислиме и да се подготвиме за Финска, како и за преостанатите натпревари. Ако се повтори нешто слично, повторно не очекува катастрофа. Ова е најлоша кошарка што црногорската репрезентација ја играла во историјата“, изјави, меѓу другото, Радовиќ.
До моментов, Црна Гора има и најлоша одбрана на првенството со просек од 100 примени поени по натпревар.


