Капитенот на репрезентацијата на Србија, Богдан Богдановиќ не го доврши денешниот натпревар против Португалија поради повреда што ја доживеа во првото полувреме.
Станува збор за повреда на задната ложа до која дојде при еден продор на Богдановиќ кон противничкиот кош. Цело второ полувреме тој го помина на клупата за резервни играчи, а засега нема детални информации за сериозноста на повредата.
Србите претходно останаа и без Филип Петрушев кој беше исклучен во раната фаза од натпреварот затоа што со бокс удри противнички кошаркар во стомак.


