Откако пред околу две децении формира репрезентација, Велика Британија стана речиси редовен учесник на европските првенства со само еден пропуштен шампионат во овој период (2015 година).
Неколку големи ѕвезди на светската кошарка играа за оваа селекција, но без особено резултати на досегашните пет учества. На вкупно 25 натпревари досега, Британците имаат само четири победи, три пати беа 13., еднаш 22., а на претходното првенство го освоија последното место.
И на овој шампионат не блескаат, загубија убедливо во првите две кола со што ја продолжија низата порази која трае веќе 12 години. Во 2013 година е забележана последната победа на Велика Британија и тоа против Германија во претпоследното коло од групната фаза која не успеа да ја помине.
Во последното коло загуби од Украина со 68-87, а на следните две учества на европските првенства, во 2017 и 2022 година имаше биланс 0/5. Заедно со двата пораза во групата во Тампере (од Литванија и Финска), Велика Британија веќе има 13 порази во низа што е една од најлошите серии во историјата на европските првенства.


