Селекторот на српската репрезентација Светислав Пешиќ имаше бурна прес-конференција по денешниот натпревар против Летонија.
Еден српски новинар упати прашање за Огњен Добриќ во врска со наводен инцидент со летонскиот селектор Лука Банки, но тоа го изнервира искусниот стручњак кој тотално полуде и му одговори мошне дрско, дури и му се развика.
Našeg selektora iznerviralo pitanje novinara na konferenciji.
🎥FIBA pic.twitter.com/xBwBTjCCqR
— Mozzart Bet (@MozzartBet) August 30, 2025
„Какви се тие прашања, ние победивме, а ти прашуваш глупости. Што се случило, ништо не се случило, заврши натпреварот, сите се возбудени. Што сакате, да бодете? Ние зборуваме за кошарка, ние понедивме натпревар, ти немаш други прашања, прашуваш кој со кого се поздравил. Немој да се јавуваш повеќе, немој да ме прашуваш ништо до крајот на првенството“, лут беше Пешиќ.
Србија ја победи Летонија со 84-80 и обезбеди пласман во осминафиналето од Европското првенство.


