Никола Јокиќ ја покажа својата класа во првите три натпревари од Европското првенство, но српските медиуми, а и стручњаците кај нашиот северен сосед се погласно зборуваат за зависност од него во составот на Светислав Пешиќ.
Во анализата на денешниот меч против Летонија тоа го спомна и познатиот стручњак Владе Ѓуровиќ кој дури и ги искара останатите центри на српската репрезентација дека недоволно му помагаат на Јокиќ.
„Добро е што ни доаѓа натпреварот против Чешка бидејќи таа е најслаба во нашата група, а ние треба да се подготвиме за Турција. Милутинов треба да одигра малку повеќе бидејќи ова денеска не беше доволно. Без кош од игра, слободно фрлање не погоди, не се запиша во листата на стрелците… не може така. Се на Јокиќ, се на Јокиќ. Додека дојдеме до финалето, Јокиќ ќе биде ‘мртов’ уморен. Мора Милутинов малку повеќе да преземе, има и други кои треба да го направат тоа, да преземат одговорност и подобро да одиграат“, рече Ѓуровиќ.
Србија в понеделник се среќава со Чешка, а два дена подоцна за противник ја има Турција во мечот кој најверојатно ќе биде пресметка за првото место во групата. Во досегашниот дел од првенството, Јокиќ одигра 77 од можните 120 минути што и не е така многу.


