Репрезентацијата на Израел го приреди првото големо изненадување на Европското првенство откако во рамките на третото коло убедливо ја совлада фаворизираната Франција со 82-69.
„Триколорите“ до денеска немаа ниеден пораз летово, сметајќи ги и подготвителните натппревари, но денеска наидоа на тврд орев од кој доживеаја дебакл. Победата на Израел добива на значење ако се знае дека Франција одлично го почна натпреварот и водеше 18-8 во првата четвртина. До крајот на полувремето силите се израмнија, Израелците ја достигнаа негативата и така беше се до завршувањето на третиот период.
Потоа дојде решавачкиот период, по водството на Франција од 59-55, Израел направи 27-7, па во финишот поведе со 82-66 и дојде до убедлива победа која го остава во игра и за првото место во групата.
Дени Авдија беше херој на победата на Израел со 23 поени и осум скока, додека Јам Мадар додаде 17 поени со четири скока и три асистенции. Роман Соркин исто така беше одличен со 12 поени и осум скока. Закари Ризаше се истакна кај Французите со 14 поени и четири скока и една асистенција, додека Ели Окобо додаде 13 поени со пет асистенции.


