Репрезентацијата на Бразил е нов шампион на Америка откако во синоќешното финале во Манагва ја победи Аргентина со 55-47.
И покрај тоа што двете селекции имаат голем број неколку искусни кошаркари и евролигашки ѕвезди во своите редови, успеаја да постигнат само 102 со што ова финале стана најнеефикасно во историјата на континенталните шампионати на Америка. Аргентина во втората четвртина постигна само девет поени што на крајот се покажа како клучен фактор за поразот на „гаучосите“.
За Бразил ова е петта титула на шампионатите на Америка, но прва по пауза од 16 години, односно по 2009 кога триумфираше на првенството во Порторико. Аргентина не успеа да ја одбрани титулата од пред три години и остана на само еден трофеј на последните четири првенства иако на секое нив стигна до финалето.
За најкорисен играч на првенството беше прогласен бразилскиот кошаркар Јаго дос Сантос кој во финалето постигна 14 поени и пет асистенции.


