Слично како Турција и репрезентацијата на Србија го задржа максималниот ефект на Европското првенство откако вечерва ја совлада Чешка со 82-60.
Уште пред мечот, на сите им беше јасна разликата во квалитет, Чешка е најслаба репрезентација во оваа група, па Светислав Пешиќ само ги загреа своите кошаркари пред исклучително важниот дуел против Турција в среда. Така, Никола Јокиќ на теренот помина само 18 минути и за тој период упати едвај два шута од игра, постигнувајќи шест поени, седум скока и четири асистенции.
Поголема минутажа требаше да добијат бековите, но сеоак никој на теренот не помина повеќе од 23 минути. Јокиќ излезе кон средината на третата четвртина и повеќе не се врати во игра, а по неговото излегување, Србија го имаше и најлошиот период во кој Чешка успеа да намали нешто од високата негатива. Победникот, сепак, беше решен уште во првата четвртина која Србија ја доби со 27-5.
Алекса Аврамовиќ постигна 14 поени и 8 скока, Петрушев додаде 13 поени, а Милутинов 12. Толку имаше и Јаромир Бохачик кој беше единствен со двоцифрен ефект во чешката репрезентација.


