Репрезентацијата на Турција го освои првото место во групата А од Европското првенство откако синоќа во дербито ја совладаа Србија.
Тоа предизвика голема еуфорија во редовите на турскиот национален тим чии кошаркари сега се сигурни дека ќе атакуваат на златото иако најтешкото допрва претстои. Поранешниот кошаркар на Филаделфија 76, Фуркан Коркмаз еуфорично по мечот најави дека Турција сега е најголем фаворит.
„Пораката е испратена уште од првиот натпревар, сега сме на 5/0, играме добра кошарка и не само што победуваме, туку играме добро и во нападот и во одбраната. Голема работа е да се победи Србија иако е само групна фаза, но мораме да останеме фокусирани. Секако сметам дека ние сега сме поголеми фаворити за титулата од Србија, но мораме да останеме смирени и да ја играме нашата игра“, рече Коркмаз.
Во осминафиналето, Турците ќе играат против Португалија, а добро за нив е тоа што ја избегнаа Германија до финалето.


