Репрезентацијата на Шпанија е елиминирана во групната фаза од Европското првенство, а на тоа најмногу се израдува поранешниот селектор на Македонија, Александар Ѓикиќ.
Во моментов тој е предводник на грузиската селекција која со триумф на Шпанија против Грција ќе беше елиминирана, а вака го продолжува својот пат на шампионатот. Пласманот во осминафиналето за Грузија е огромен успех, па и не е толку важно што следен противник ќе ѝ биде еден од најголемите фаворити за титулата Франција.

Во случај да направат уште едно изненадување, Грузијците би можеле да се сретнат со репрезентацијата на Србија, земјата каде што е роден Ѓикиќ.


