По еден ден пауза, денеска продолжуваат натпреварите на Европското првенство со нокаут фазата која целосно ќе се одржи во главниот град на Летонија, Рига.
По четири меча се на програмата денеска и утре, а кошарка ќе има од 11 часот претпладне до околу 22:30 вечер. Први на терен излегуваат репрезентациите на Турција и Шведска во термин кој предизвика многу бура и жестока реакција од турскиот селектор Ергин Атаман.

Потоа светскиот шампион Германија ќе се сретне со најпријатното изненадување Португалија, па следува балтичката пресметка меѓу Литванија и Летонија, а на крајот е мечот меѓу Србија и Финска.


