Иако не сакаше да бара оправдувања, селекторот на Србија, Светислав Пешиќ на прес-конференцијата по натпреварот со Финска откри некои работи кои јавноста не ги знаеше.
Настрана од повредите на Богдановиќ, Аврамовиќ, Мициќ и Вукчевиќ, селекторот откри дека дел од играчите биле болнни последните денови.
„Можеме да бараме оправдувања и реалната ситуација е таква што на вакви турнири, на вакви натпревари мораме да биде максимални физички подготвени, а нам ни недостасуваа многу работи. Вирус ни влезе во тимот, неколку играчи беа болни, Јовиќ имаше проблем и не тренираше воопшто последните два дена. Не можам да кажам дека овие играчи не го дадоа она што можат, но секогаш може повеќе, а тоа не се случи“, рече, меѓу другото, Пешиќ.
Ова е второ европско првенство по ред на кое српската репрезентација доживува елиминација во осминафиналето што е исклучително лош резултат ако се знае дека оваа селекција во својот тим го најдобриот светски кошаркар Никола Јокиќ.


