По вчерашните четири спектакуларни дуели, денеска претстојат уште исто толку на Европското првенство чија завршница се одржува во Рига.
Синоќа од првенството испадна најголемиот фаворит Србија, па останува да се види дали и денешната програма ќе донесе сензација. На хартија, дерби на денот е пресметката меѓу соседите Италија и Словенија која се игра од 17:30 часот.

Полска, Франција и Грција се фаворити против своите ривали иако вчерашната сензација покажа дека на Европско првенство такво нешто не постои, особено во нокаут фаза.


