Словенечката репрезентација на фантастичен начин го почна осминафиналниот натпревар од Европското првенство против Италија.
По десет минути игра, континенталниот шампин од 2017 година водеше со 27-11, а од 27. поени на Словенците, Дончиќ сам постигна 22. Погоди три тројки од шест шута, за два имаше максимален ефект (4/4), како и од линијата за слободни фрлања (5/5) за индекс 25.
Самиот Дончиќ постигна двојно повеќе поени од цела италијанска репрезентација која засега нема одговор за кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс.


