Со два шокантни резултати и многу возбудувања, денеска заврши осминафиналната фаза на Европското првенство и познати се сите двојки за четвртфиналето.
Сензациите ги направија Финска и Грузија, кои ги елиминираа Србија и Франција, па овие две репрезентации ќе се сретнат во следниот сегмент и една од нив ќе се пласира во финалето што ќе биде најголем успех во нивната историја. Најинтересната двојка секако ќе биде пресметката меѓу актуелниот светски шампион Германија и европскиот првак од 2017 година, Словенија.

Четвртфиналните натпревари се на програмата на 9 и 10 септември и за разлика од осминафиналето, ќе се играат исклучиво попладне, односно навечер.


