Една од најголемите трансфер бомби летово беше преселбата на поранешниот деветти пик на НБА драфтот Џабари Паркер од Барселона во Партизан.
За многумина, тоа е чекор назад во неговата кариера, но Американецот е воодушевен од тоа што ќе има можност да работи со Жељко Обрадовиќ. Дури оди дотаму што верува дека белградскиот тим може да стане европски шампион претстојната сезона.
„Барселона ми даде шанса да одам, тоа беше моја одлука. Немав проблем со клубот, многу ги почитувам сите таму и должен сум им, беше навистина прекрасно. Не е тоа лошо искуство, но не не исполнуваше само тоа да дојдеме до плејофот, туку посакувавме трофеи. Не сакам да кажам дека ја напуштив Барса поради незадоволство, само сакав промена и верувам дека со овие играчи на Партизан, можеме да ја освоиме Евролигата“, изјави Паркер.
Партизан минатата сезона не успеа да се пласира во плејофот од Евролигата, но и покрај тоа го задржа речиси цел состав на кој направи мали, козметички промени, а се уште е во потрага по квалитетен центар.


