Со два натпревара, денеска почнува четвртфиналната фаза од Европското првенство чија завршница се одржува во Рига.
Од 16 часот се среќаваат Турција и Полска во меч во кој турската репрезентација има голема шанса првпат по 24 години да влезе меѓу четирите најдобри на континентот. Стручњаците се едногласни во прогнозите дека, кошаркарски кажано, ова е зицер за Турција кој треба да го искористи, имајќи ги предвид досегашните настапи на оваа репрезентација, меѓу другото и поради тоа што е се уште непоразена.
Секако, тоа не значи ништо за Полјаците кои на претходното Европско првенство во оваа фаза ја совлада фаворизираната Словенија со Лука Дончиќ. Иако не блеска на овој шампионат, Полска има исклучително искусен тим кој знае како се играат вакви натпревари.
Вториот меч, на хартија, е многу понеизвесен бидејќи се среќаваат Литванија и Грција, два поранешни европски шампиони. Литванците се многу ослабени на ова првенство, не играат неколку кошаркари кои би требало да се во стартната петорка, но на шампионатот тоа не се чувствува премногу. Главен фактор за евентуален успех денеска ќе биде одбраната врз Јанис Адетокунбо што и не е некоја филозофија бидејќи добро е познато дека суперѕвездата на Милвоки Вакс е половина грчка репрезентација. Грците чекаат пласман во полуфиналето од 2009 година кога го освоија бронзениот медал.
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ
Турција – Полска 16:00
Литванија – Грција 20:00


