Турската суперѕвезда Алперен Сенгун постигна уште едно големо остварување во својата магична кампања на Европското првенство, станувајќи најмладиот играч што остварил трипл дабл во историјата на натпреварувањето.
Денеска, 23-годишниот центар постигна 19 поени, 12 скока и 10 асистенции во победата на Турција над Полска со 91-77 во четвртфиналето и со тоа стана петти играч со трипл дабл на континенталните шампионати. За тоа му беа потребни само 25 минути во игра. Претходно на турнирот, Лука Дончиќ стана само четвртиот играч од 1995 година што остварил трипл дабл со 26 поени, 11 асистенции и 10 скока во победата на Словенија над Белгија од 86-69.
Youngest to do it in EuroBasket history.
ALPEREN SENGUN DROPPED A TRIPLE-DOUBLE IN 25 MINUTES. 🇹🇷 pic.twitter.com/V2eP4S7FOg
— FIBA EuroBasket (@EuroBasket) September 9, 2025
Шенгун, кој беше прогласен за играч на натпреварот за својот настап, е помлад од сите кои досега оствариле трипл дабл: Дончиќ, Матеуш Понитка, Андреј Мандаче и Тони Кукоч кога го постигнаа тој подвиг. Турчинот за малку не стигна до трипл дабл против Чешка во второто коло од турнирот со 23 поени, 12 скока и 9 асистенции.
Центарот на турската репрезентација беше блиску и во големата пресметка за затворање на групната фаза против Србија и суперѕвездата Никола Јокиќ со 28 поени, 13 скока и 8 асистенции, но денеска му се исполни големата желба и го запиша своето име во историјата на европските првенства.


