Уште 20-тина дена има до почетокот на новата клупска сезона, а во Грција веќе се случи првата драма.
Актуелниот вицешампион и освојувач на националниот Куп, Панатинаикос го откажа своето учество во Суперкупот со кој традиционално се отвора сезоната. Причина за тоа е одлуката на раководството и стручниот штаб, акцент да биде ставен на подготвителните натпревари, а особено на турнејата низ Австралија.
„Детелинките“ треба да се вратат на 25 септември, а Суперкупот е планирано да почне веќе следниот ден што не му одговара никому во Панатинаикос.


