Во период кога бара втор центар, Партизан остана без ниеден играч на оваа позиија откако Тајрик Џонс доживеа повреда на мускул за време на подготовките.
Првите прогнози се позитивни за клубот бидејќи, наводно, не се работи за потешка повреда, но уште не се знае дали Американецот ќе биде подготвен за отворање на сезоната во Евролигата, на 30 септември. Сигурно нема да настапи на турнирот во Белград кој се игра следните три дена, а многу веројатно нема да настапи ни на турнејата во Австралија.
Покрај Џонс, повреден е и Алексеј Покушевски, но позитивна вест за тимот е тоа што Карлик Џонс, кој имаше повреда на прстот, се врати во тренажен процес и се очекува да заигра утре против ПАОК.


