Репрезентацијата на Турција се соочува со голем проблем пред денешниот полуфинален натпревар од Европското првенство.
Кошаркарот на Панатинаикос, Џеди Осман доживеа повреда во дуелот со Полска и неговиот настап вечерва е неизвесен. Во текот на вчерашниот ден тој не тренираше и од страна ја следеше работата на своите соиграчи кои се подготвуваа за дуелот со Грција кој е на програмата денеска во 16 часот.
На досегашните седум натпревари од првенството, охриѓанецот просечно постигнуваше по 14,9 поени, 2,4 скока и 1,6 асистенции и неговото евентуално отсуство ќе биде голем проблем за четата на Ергин Атаман.


