Иако по елиминацијата од Европското првенство тврдеше дека нема причини да ја напушти селекторската позиција, Светислав Пешиќ потврди дека повеќе нема да биде предводник на српската репрезентација.
Во интервју за српски магазин, тој го изјави она што го очекуваше и посакуваше цела нација последната недела.
„Дојде време за нов селектор кој ќе биде во состојба да го направи она што го почнавме. Му ветив на Човиќ дека ќе ја исполнам до крај, улогата која ми ја додели во изборот на нов селектор“, изјави Пешиќ, најавувајќи дека тој ќе учествува во изборот, а можеби и директно ќе го избере својот наследник.
Тој е селектор на Србија од 2021 година, а неговиот договор истекува на 30 септември. Под негово водство, српската репрезентација освои бронза на Олимписките игри во Париз и сребро на Светското првенство во Манила, но на европските првенства немаше успех и два пати беше елиминирана во осминафиналето.


