Македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс лошо го почна својот престој во главниот град на Атина и новиот клуб Панатинаикос.
Американецот со македонски пасош ќе ја пропушти турнејата на ПАО низ Австралија затоа што поради вирусна инфекција итно бил хоспитализиран. Засега од клубот нема официјална информација за каква отчно инфекција се работи, но инсајдери инсистираат дека ситуацијата е сериозна и дека Шортс ќе мора да остане неколку дена в болница.
Панатинаикос в понеделник треба да патува за Австралија, а првиот меч го игра на 18 септември против Партизан.


