Трет пат во својата историја, репрезентацијата на Грција го освои третото место на Европско првенство откако попладнево, во „малото финале“ ја совлада сензацијата Финска со 92-89.
Тоа е прв медал за Грците по пауза од 16 години, а во исто време ја уништија финскатта бајка која, сепак, заврши без медал. Триумфот на грчката селекција беше апсолутно заслужен, ако се знае дека дека во ниеден момент не беше во негатива и главно имаше убедлива предност.
Сепак, Финците ги заслужуваат сите комплименти за својот настап, не само поради досегашните резултати, туку и поради она што го поакажаа вечерва. На нешто повеќе од три минути пред крајот Грција водеше со 84-67 и се чинеше дека се е завршено на овој меч. Следуваа пеколни две и пол минути во кои скандинавската селекција направи 15-2 и се доближи на 82-86, на 20-тина секунди пред крајот и на 87-89, а кулминација на возбудувањата се случи на пет секунди пред последниот звук на сирената.
JANTUNEN HAD A CHANCE TO PUT FINLAND IN FRONT 😳#EuroBasket pic.twitter.com/HhlmpkmwFP
— FIBA EuroBasket (@EuroBasket) September 14, 2025
При водство од 90-87, Грците одлучија да не прават лична грешка и со тоа да ја прекинуваат акцијата на противникот, топката дојде до Валтонен кој се крена на шут за тројка, а ветеранот Папаниколау го фаулираше за што доби три слободни фрлања. Ги погоди првите две, но го промаши третото, Јантунен се избори за офанзивен скок и имаше позиција да погоди, но неговиот шут не беше доволно силен и заврши само на обрачот. Топката потоа ја прибра Јанис Адетокумпо кој беше фаулиран и ги погоди двата „пенала“ за точка на мечот.
Суперѕвездата на Милвоки Бакс одигра извонреден меч, постигна 30 поени, 17 скока и 6 асистенции за индекс 43 и сам си го обезбеди првиот репрезентативен медал во својата кариера. Марканен постигна 19 поени и 10 скока за Финска, а трагичарот Валтонен заврши со 18 поени.


