Финската репрезентација ја имаше улогата на мега-изненадување на Европското првенство, освојувајќи го четвртото место, исто како Македонија во 2011 година.
Кошаркарите од оваа земја воодушевија со своите игри, но исто така воодушеви и претседателот на Финска, Александар Стамп. По завршувањето на „малото финале“ тој влезе во соблекувалната на грчката репрезентација за да им ја честита победата на кошаркарите на Василис Спанулис.
Прекрасниот гест го поздравија сите грчки кошаркари кои потоа и го прославија големиот успех и првиот освоен медал по пауза од 16 години.


