Атинската престолнина ја зафати невидена кошаркарска еуфорија последната година, а дуелите на вечните ривали Олимпијакос и Панатинаикос се очекуваат повеќе и од порано.
Најдобар пример за тоа е информацијата која денеска дојде од Пиреја. Олимпијакос го пречекува својот градски ривали во мечот од Евролигата дури во март 2026 година, а билетите за тој натпревар се продадени уште денеска, на седум месеци пред мечот.
„Навивачите на Олимпијакос уште еднаш ја покажаа својата страст во рекорден рок. Клубот потврди дека влезниците за евролигашкиот меч против Панатинаикос, кој е на програмата на 6 март официјално се распродадени“, пишуваат грчките медиуми.
Тоа е прв распродаден натпревар на Олимпијакос за новата сезона во Евролигата која треба да почне за две недели.


