Кадетската репрезентација на Србија летово стана европски шампион откако ја освои титулата на првенството во Тбилиси, а за МВП тогаш беше прогласен Никола Кустурица.
Истиот кошаркар од синоќа е најмлад дебитант на официјален натпревар во историјата на Барселона. „Блауграна“ се сретна со Жирона во Лигата на Каталонија што се одржува во Тарагона, натпреварување кое клубот го смета за официјално, па оттука и Србинот влезе во историјата со 16 години 4 месеци и 17 дена, надминувајќи го досегашниот рекордер Ерик Виља кој првпат заигра со 16 години, 6 месеци и 29 дена.
𝟏𝟔 𝐚𝐧𝐲𝐬, 𝟒 𝐦𝐞𝐬𝐨𝐬 𝐢 𝟏𝟕 𝐝𝐢𝐞𝐬.
— Barça Basket (@FCBbasket) September 17, 2025
Amb tots vosaltres… el jugador més jove de la història en debutar oficialment amb el primer equip blaugrana. Enhorabona, Nikola! 👏 pic.twitter.com/yt1kzxpXTM
Тинејџерот помина 11 минути на теренот, притоа постигнувајќи два поена со шут 1/1 за два и 0/1 за три, а Барселона победи со 90-81. Најефикасен беше Пантер со 16 поени, Ернангомес додаде 14, а Клајбурн 13.
Неодамна, во тимот на Барселона заигра 13-годишниот Мохамед Дабон, но тие натпревари беа неофицијални, односно пријателски, па неговиот настап не се смета за официјален. Тој синоќа не се наоѓаше во составот на Барса бидејќи клубот се обидува да ги покрие сите административни пречки за да го регистрира како првотимец.


