Црвена Звезда обезбеди пласман во финалето на турнирот на Крит откако во полуфиналниот дуел беше подобра од актуелниот европски првак Фенербахче сио 77-67.
Минатата недела белградскиот тим го совлада и вицепрвакот на Европа, Монако што влева оптимизам за добра сезона во Евролигата која почнува на 30 септември. Интересно е тоа што Звезда во тимот имаше само еден домашен играч – Стефан Миљеновиќ бидејќи Калиниќ и Давидовац се повредени, а Добриќ не беше во комбинација за настап.
Во финалниот меч „црвено-белите“ ќе се сретнат со Олимпијакос кој ја совлада Олимпија Милано со 76-71.


