Францускиот првак Париз доживеа огромни промени во текот на летото, безмалку цела екипа си замина, како и тренерот Тијаго Сплитер, а член на овој тим повеќе не е ни македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс.
Тоа веднаш се почувствува, па во првиот официјален меч од новата сезона, Париз доживеа пораз. Денеска почна Суперкупот на Франција, а подобар од шампионот беше Ле Ман со 90-87. Надир Хифи, еден од малкутемина кои останаа, беше убедливо најдобар со 27 постигнати поени, а далеку зад него останаа Уатара со 16 и Ајаји со 12.
Во утрешното финалето, Ле Ман ќе се сретне со Монако кој со 95-70 го совлада тимот на Булазак.


