Шпанскиот прволигаш Уникаха останува светски клупски шампион според ФИБА откако славеше на Интерконтиненталниот куп што се одржа во Сингапур.
Во денешното финале, тимот од Малага го победи обединетиот состав на кошаркарот од американската Развојна Г лига со 71-61 и вторпат во низа дојде до големиот трофеј. Клучна беше третата четвртина која Уникаха ја доби со 23-5 и со тоа го скрши отпорот на противникот, имајќи предвид дека во пресрет на последниот период, резултатот беше 56-41.
Килијан Тили со 14 поени беше најефикасен во тимот на Уникаха, но МВП признанието го доби Тајлер Калиноски кој постигна 12. Во мечот за третото место, Ал Ахли од Либија беше подобар од Фламенго од Бразил со 95-85.


