Иако беше запрен на првата пречка, македонскиот прволигаш Пелистер си направи одлична промоција со настапот во квалификациите за Лигата на шампионите.
Во петокот битолчани дебитираа во натпреварувањата на ФИБА, со мечот против Реџана, а натпреварот преку преносот на Youtube каналот на европската кошаркарска организација го проследиле безмалку 20 илјади гледачи. Што е уште поважно, Пелистер не се посрами на тој меч и покрај тоа што спроти себе имаше далеку поскапа и поискусна екипа. Напротив, поранешниот вицешампион на Македонија одигра сосема коректно и се избори за пристоен пораз и покрај тоа што беше драстично ослабен со неиграњето на двајца американски интернационалци.

Погледани од натпреварот на Пелистер на квалификациите во Самоков се само дуелите меѓу Курха од Финска и Јувентус од Литванија, односно ПАОК од Грција и Бурсаспор од Турција, но мора да се има предвид дека тие се играа во денови на викенд, додека Пелистер и Реџана играа во петокот во незгоден термин – 15:30 часот.
Промоцијата на Пелистер во европски рамки треба да продолжи претстојната есен со настапите во групната фаза од ФИБА Европа купот. Битолскиот тим го очекуваат шест натпревари, против кипарскиот Керавнос, хрватската Цедевита Јуниор и словачкиот Левице ако не успее да ги помине квалаификациите за ЛШ.


