Откако лани влезе Дубаи, а оваа година ќе дебитираат Клуж и Виена, Јадранската лига догодина би можела да добие уште еден член и тоа од Саудиска Арабија.
Српските медиуми тврдат дека интерес за учество во регионалното натпреварување покажал тамошниот клуб Ал Ула која неодамна гостуваше во Србија и одигра неколку пријателски натпревари. Дали до идната година ќе бидат завршени сите формалности за влез, во моментов не може да се каже со сигурност, но Управниот одбор на АБА пред неколку месеци донесе одлука дека лигата може да се прошири до 20 клуба, а во моментов има 18.
Во меѓувреме, интерес за влез во јадранското друштво покажа уште еден клуб од Саудиска Арабија, Абу Даби.


