Еден од најголемите европски таленти, финскиот репрезентативец Мика Муринен од денеска официјално стана нов играч на Партизан што ќе биде прва страница во неговата професионална кариера.
До минатата сезона тој настапуваше за средно училиште во САД, а во следните три години ќе биде член на Партизан со тоа што постои можност во 2027 година да се пријави на НБА драфтот. Муринен, кој има само 18 години, се прослави на неодамнешното Европско првенство на кое Финска го освои четвртото место, а крилниот играч беше прогласен за најдобар млад кошаркар.
„Финскиот репрезентативец Мика Муринен потпиша тригодишен договор со Партизан. Му посакуваме могу среќа во нашиот клуб“, објави вечерва претседателот на белградскиот клуб Остоја Мијаиловиќ.
Ваквиот развој на настаните е големо изненадување бидејќи Партизан во ниеден момент не се спомнуваше како можна дестинација за Муринен, но и поради тоа што клубот беше во потрага по центар, а не крилен играч.


