Еден од најважните играчи во тимот на Црвена Звезда, Ајзеа Кенан ќе го пропушти стартот на сезоната во АБА и Евролигата поради повреда што ја доживеа на ВТБ Суперкупот каде неговиот тим настапи како гостин.
До несреќата дојде во мечот за третото место, против Дубаи кога Американецот мораше да биде изнесен од теренот откако претходно се превиткуваше во болки. По прегледи е утврдено дека Кенан ги повредил предните вкрстени лигаменти на коленото поради што го очекува пауза, но уште не е точно утврдено колкава ќе биде таа.
Црвена Звезда ја почнува сезоната во вторник со дуел против Олимпија Милано на домашен терен, два дена подоцна му гостува на Баерн, а идниот викенд стартува и во АБА лигата, со дуел против Задар пред своите навивачи.


