Првпат во кратката кариера, финскиот кошаркар Мика Муринен ќе игра на професионално ниво откако вчера потпиша тригодишен договор со Партизан.
Сепак, потписот на договорот не значи многу бидејќи „црно-белите“ можат да останат без 18-годишниот талент веќе идното лето, ако тој одлучи да си замине. Такво нешто и најави во својата прва изјава по потписот на договорот.
„И натаму имам иста тактика, целта ми е по претстојната сезона да се запишам на факултет, да играм во НЦАА, а во 2027 година да се пријавам на НБА драфтот. Тој распоред не се променил. Засега е прашање саммо станицата во Србија, може да се случи, ако ми е добро тука, да го прескокнам колеџот пред драфтот. Но, не верувам бидејќи и натаму имам голема желба да одам на факултет“, изјави Муринен.
Со оглед на тоа што има 18 години, во моментов тој е четврта година во средно училиште, запишан е во Аризона Компас во САД, но ќе ја заврши вонредно, од далечина.


