Еден од најдобрите кошаркари во историјата на НБА, Скоти Пипен во интервју за Марка се осврна на многу теми, вклучувајќи ја и денешната кошарка која многу се разликува во однос на онаа од пред 30 години.
Суперѕвездата на Чикаго Булс тврди дека сегашните кошаркари не би доминирале во НБА во 90. години од минатиот век, а пред се, тоа се однесува на Никола Јокиќ кој три пати беше прогласен за МВП на сезоната.
„Во 80. и 90. години се играше пресинг по цел терен. Јокиќ има одличен преглед на играта и дели лопти кон соиграчите, но не сум сигурен дека лесно би дошол во позиција да ги истакне најдобрите елементи во својата игра. Сигурно не би бил доминантен како сега бидејќи кошарката е многу поофанзивна од тогаш. Променети се правилата за да се штитат добрите шутери, сега повеќе немате класични центри бидејќи и тие добро шутираат тројки“, смета Пипен.
Јокиќ ја заврши последната сезона со трипл дабл просек, но не беше прогласен за МВП на сезоната.


