Иако во текот на летото имаше шпекулации дека би можел идната година да се пресели во Лос Анџелес Лејкерс, српскиот репрезентатувец Никола Јокиќ денеска порача дека воопшто не размислува за такво нешто.
За 20-тина дена тој ја почнува 11. сезона во НБА, а пред почетокот на подготовките зборуваше на повеќе теми и порача дека има намера да остане во Денвер до крајот на кариерата.
„Брзо поминаа овие 10 години, се сеќавам кога дојдов, првиот ден, кога ги видов играчите како забиваат и играат екстремно брзо за мене во тие моменти. Се чини дека најдов начин да останам во лигата толку долго. Не размислува за продолжување на договорот, сето тоа доаѓа како награда и нешто природно во спортот, особено во денешната НБА, како што се движи селари капот. Планот е да бидам вечно во Нагетс“, порача Јокиќ.
Во текот на летото Денвер направи реновирање на тимот и во новата сезона се очекува да се бори за шампионската титула.


