Како и Партизан, така и Црвена Звезда ја почна новата сезоната во Евролигата – со убедлив пораз, со таа разлика што „црвено-белите“ загубија на домашен терен.
Кобен за белградскиот тим беше Олимпија Милано која славеше со 92-82 и шести пат по ред ја победи Звезда во Белград. Малку работи функционираа во редовите на домашниот тим кој во текот на летото доживеа целосен ремонт, остана без неколку квалитетни српски кошаркари, а во моментов се мачи и со повреди.
Звезда имаше водство само во почетните минути од мечот, неколку пати подоцна дојде до израмнување, но главно ја бркаше негативата што ја имаше иако таа не беше недостижна. Главно се движеше до пет поени, но последната четвртина Олимпија Милано ја почна со серија од шест поени и поведе со 75-63. Звезда успеа да дојде до -5, но во финишот италијанскиот тим направи уште една серија од шест поени за 90-78 и тука беше крајот на сите надежи на домаќините.
Најзаслужен за триумфот на Олимпија беше поранешниот кошаркар на Партизан, Зек Ледеј кој постигна 21 поеен.


