Вчера почна, а денеска се играат уште пет натпревари од првото коло на Еврокупот, второ по квалитет натпреварување во Европа.
Во два од нив, протагонисти ќе бидат македонски печалбари. Од 18:30 часот, Кемниц, во чиј стручен штаб е Ѓорѓи Кочов гостува кај Паниониос, а од 20 часот, Тренто со Андреј Јакимовски ќе го пречека Бурж. За двајцата тоа ќе биде деби во Еврокупот, за Јакимовски како играч, а за Кочов како тренер.

На клупата на Паниониос е поранешниот југословенски репрезентативец Лука Павичевиќ кој по успесите со Југопластика, во 2001 година краток период помина во Работнички, во исто време кога Кочов беше дел од младинската школа и вториот тим на 15-кратниот шампион на Македонија.


