Македонскиот прволигаш Пелистер вечерва го доби и последниот противник во групната фаза од ФИБА Европа купот.
Проектирано беше во групата Д од ова натпреварување да учествува словачкиот првак Левице, но овој тим триумфираше во квалификациската група од Лигата на шампионите и продолжува таму, па Пелистер мораше да го чека крајот на квалификациите за ФИБА Европа купот за да дознае кој ќе биде последниот ривал. Судбината сакаше, сепак, да патува во Словачка, но кај тимот на Приевидза кој е далеку од квалитетот на Левице и се уште нема титула во словачкото првенство.

Приевидза вечерва ја победи Цибона со 101-94 по продолжение, но тоа не беше доволно да вкупен триумф бидејќи во првиот меч загуби со 83-91. Сепак, словачкиот тим продолжува понатаму како „среќен губитник“ од квалификациите, како што беше најавено кога Левице славеше во Лигата на шампионите. Словаците ќе бидат гости на Пелистер во првиот натпревар во Битола, на 22 октомври откако во првиот круг нашиот претставник ќе гостува кај Цедевита Јуниор. Во оваа група се наоѓа уште кипарскиот Керавнос.
Словачкиот минатата сезона го освои четвртото место во основниот дел од сезоната од домашното првенство, а потоа беше елиминиран во четвртфиналето од плејофот од Нитра.


