Вторпат за помалку од една година, арената во која настапува Олимпијакос, „Мир и пријателство“ е поплавена по уште еден пороен дожд.
Со оглед на тоа што арената е во сопственост на Владата на Грција, Олимпијакос не може да изврши интервенции, а оштетувања на покривот се забележани уште пред неколку месеци, кога првпат се случли вакво нешто. Во обид да се спаси теренот, односно паркетот, поставени се фолии и кофи.
Во целата ситуација, среќа е што Олимпијакос ќе гостува на следните два меча, денеска кај Реал и в недела кај Маруси, а првиот натпревар на домашен терен го игра на 10 октомври против Дубаи, во рамките на Евролигата.


