Францускиот репрезентативец Надир Хифи синоќа имаше невообичаено доживување откако атмосферата во белградската Арена ја почувствува не од теренот, туку директно од трибините.
Лани тој со Париз два пати гостуваше во најголемата арена на Балканот и постојано потенцираше дека се чувствувал прекрасно, но го искористи моментот да ужива заедно со навивачите. Париз денеска во Белград се среќава со Макаби, а вчерашната вечер Хифи не ја искористи за одмор, туку за присуство на евролигашкиот натпревар меѓу Партизан и Олимпија Милано. Партизан е ривал на Париз во Евролигата, но тоа не е многу важно за Хифи кој не ги криеше емоциите и со сите сили му даваше поддршка на белградскиот тим
Интересно е тоа што тој не побара специјална покана за да седи во првиот ред, туку купи влезница и заедно со останатите навивачи „грмеше“ од трибина.


