Откако во текот на летото одлучи да ја напушти Евролигата и да се приклучи во натпреварувањата на ФИБА, се очекуваше германскиот прволигаш Алба да биде еден од кандидатите за титулата во Лигата на шампионите, но ако се суди според почетокот, тешко дека ќе биде така.
На домашен терен, Алба е сензационално поразена од францускиот Шалон со 76-81 и очигледно ќе има проблем да го освои првото место кое директно води во следната фаза. Во групата се уште Нимбурк од Чешка и Сабах од Азербејџан, па веројатно нема да има биде проблем да биде во топ-3. Мора да се има предвид и тоа дека Шалон не е наивна екипа за што потврда е триумфот против Монако на гостински терен во текот на викендот.
Тимот на Алба е значително променет во однос на минатата сезона, од „старите“ играчи, најголема ѕвезда е Хермансон, но и тој потфрли во дуелот со Шалон, постигнувајќи само шест поени. Најдобар беше Елис со 27, ама Шалон имаше повеќе расположени кошаркари, а најефикасен беше Џеремаја Хил со 15.


