По двата пораза на стартот од сезоната, од кои еден несреќен. унгарскиот прволигаш Атомерому, чиј тренер е поранешниот селектор на Македонија, Александар Јончевски донесе засилување за продолжението од првенството.
Нов играч на Атомерому е репрезентативецот на Девствените Острови, Дион Едвин кој ѝ е одлично познат на македонската кошаркарска јавност. Во 2022 година тој беше член на Работнички, но во клубот дојде во исклучително тежок период за тимот од Градски парк кој таа сезона се бореше за опстанок и настапуваше во плејаут лигата.
Многу поуспешен беше минатата сезона во дресот на МЗТ Скопје. Со него ја освои тројната круна во македонската кошарка, а беше прогласен и за МВП во финалната серија против ТФТ.
Колку што е понзат во Македонија, Едвин толку е познат и кај навивачите на Атомерому бидејќи беше играч на овој клуб откако си замина од Работнички, во сезоната 2022/23.


