Македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс го одигра најдобриот натпревар во дресот на Панатинаикос откако летово го засили атинскиот тим.
Плејмејкерот на ПАО постигна 19 поени и беше најефикасен во екипата, но „детелинките“ загубија како гости во најголемото грчко дерби, против Олимпијакос со 86-90. Шортс максимално го искористи неиграњето на Кендрик Нан кој се повреди и ќе отсуствува извесен период, за да покаже дека неправедно е во втор план од почетокот на сезоната.
За разлика од претходните дуели на овие две екипи, денешниот натпревар помина мирно, без инциденти, а на задоволство на љубителите на кошарката, изобилуваше со драматика. Олимпијакос најчество беше во водство, но кон средината на последниот период Панатинаикос поведе со 81-80, нешто подоцна беше 88-84, а во клучните моменти на сцена стапија Милутинов и Нтиликина кои постигнаа важни поени, вредни триумф.
Ова е само прва епизода од серијата дуели на овие две екипи, како во првенството, така и во Евролигата. Денеска славеше Олимпијакос, но Панатинаикос ќе има доволно шанси да се одмазди.


