Првпат во историјата на НБА, тројца браќа ќе играат во иста екипа откако на Јанис и Танасис, вчера им се придружи и Алекс Адетокунбо кој потпиша договор со Милвоки Бакс.
Неговиот договор е двонасочен и тој повеќе ќе игра за филијалата Висконсин Херд чиј член беше и од 2022 до 2024 година, но сепак Бакс ќе имаат тројца од четворицата браќа во својот тим. Алекс е најмлад од нив, а стигна во Милвоки откако беше отпуштен Џамари Бујеа, па се отвори место во тимот.
Иако го сметаат за исклучително талентиран и со добри предиспозиции, Алекс Адетокунбо досега главно се шета од екипа во екипа и никаде не издржа повеќе од една сезона, со исклучок на претходниот престој во Висконсин Херд. Минатата натпреварувачка кампања ја помина во ПАОК, летово потпиша со Арис, но одигра само два меча за овој клуб, а лани, краток период настапуваше за литванскиот Мажеикиаи, каде тренер му беше македонскиот стручњак Никола Василев.
За да се комплетира квартетот браќа, потребен е уште Костас Адетокунбо кој летово потпиша двегодишен договор со Олимпијакос.


