Босанскиот репрезентативец Џанан Муса долго време се поврзуваше со Партизан, во повеќе наврати беше топло пречекан во Белград, но на крајот одлучи да се пресели во Дубаи.
До соработка не дојде и покрај интересот од Партизан, а претседателот Остоја Мијаиловиќ откри кои биле причините за тоа.
„Муса не дојде во Партизан бидејќи имаше непријатност со нашите навивачи додека играше за Реал и тоа не му се допадна. Рече дека не може да заигра кај нас поради своето семејство, но дека го сака и почитува Партизан. Се извини десет пати и се заблагодари на понудата“, рече Мијаиловиќ.
Муса летоска го напушти Реал по три сезони поминати таму и одлучи кариерата да ја продолжи во дебитантот во Евролигата.


